Флора-фауна

Затоа што сите ние сме специјални

width=635

Во 1962 година во САД, Евнис Кенеди Шривер (сестра на Џон Ф. Кенеди) за првпат го формира кампот Шривер, еднодневен настан кадешто со спорт се вклучени сите деца со некакви интелектуални попречувања од околината. Таа го започнува овој проект од проста причина што била целосно загрижена за исклучувањето на овие деца од спортот и секојдневната игра од страна на нивните врсници. 

Преку овој проект таа започнува сè повеќе да работи на активното промовирање на концептот за поголемо вмешување на овие лица во разни физички и спортски активности и натпреварувања. Преку нејзината важна позиција во Фондацијата на фамилијата Кенеди (која се бави со потпомагање на оваа група на луѓе) таа успева да го донесе кампот на едно повисоко ниво и да помогне на околните школи да еднаш годишно да го вметнат во нивниот распоред.

width=635

Неколку години подоцна, под влијание на канадскиот доктор Френк Хејден и нејзината сестра Розмари, фамилијата Кенеди успева да ги финансира и овозможи првите Специјални Олимписки Игри (тогаш се уште непризнати како такви) во 1968 година во Чикаго. На нив учествуваат 1500 натпреварувачи од САД и Канада. 

Во 1971 година олимпискиот комитет дава дозвола за Игрите и официјално да го користат називот „Олимпијада”, а до денес тие се во константен раст со учество на се повеќе натпреварувачи, како деца така и возрасни во разно-разни спортови. 

Денеска организацијата Специјална Олимпијада е најголемата од ваков вид во светот и во неа учествуваат повеќе од 4,4 милиони луѓе од 170 држави во светот кои на годишно ниво се вклучени во огромен број на разни тренинзи, спортски натпреварувања и активности, и нормално, на главниот настан кој се одржува на четири години – Специјалните Светски Олимписки Игри.

width=635

Летните Специјални Олимписки Игри оваа година ќе се одржат во Лос Анџелес, најавени се 6,500 атлети во 25 спортови, а вкупната бројка на спортски натпревари е 290. 

Македонија има свој огранок од оваа организација – Специјална Олимпијада Македонија која оваа година во период од 25 Јули до 2 Август ќе ја испрати Македонската делегацијасоставена од 18 Атлети кои ќе се натпреваруваат во 4 спорта (Пливање, Пинг понг, Атлетика и Јунифајд Кошарка), 5 тренери и 3 делегати. 

title=Дел

← Назад кон архивата