Вести

Позитивни реакции за вело турата „Азот 2015”

width=635

Иако за прв пат, масовното учество покажа дека организацијата на оваков настан е полн погодок за овој регион. Околу 200 учесници беа уредно пријавени и регистрирани иако неофицијално бројката беше длеку поголема – негде околу 300. Првиот ден имаше забава во школскиот двор на ОУ Петар Поп Арсов со настап на ЖКУД Владо Тасевски –Скопје (пионери), настап на два рок бенда SAIGON-Скопје и EPIDEMY-Неготино, OLD SCHOOL DJ-Прилеп и заедничко следење на финалето на лигата на шампиони на голем видео бим.

width=635

Вториот ден беше предвиден за возење на патеките. Тргнувањето беше закажано пред Римскиот мост во селото во 09:30 за големиот маратон (52 км), а средниот маратон (33км) и лежерната патека започнаа во 10:00. Учесниците покрај возењето ги посетија селата Црешнево, Капиново, Нежилово, паузираа на пл.дом Чеплес со чај, во с.Папрадиште, за да преку “Прилепскиот пат” прстигнат во кампот во Богомила.

  • Учесниците си отидоа преполни со позитивни критики и импресии за убавата природа која ни ја нуди овој регион, но и пофалници за перфектно маркираната патека од страна на ЗГ ВЕЛЕС БАЈКИНГ и големиот броја на луѓе ангажирани за безбедноста на велосипедистите. Со ова се надеваме дека го прикажавме регионот во вистинско светло и дека наскоро ќе очекуваме се повеќе и повеќе велосипедисти, планинари кои ќе го промовираат регионот.. Догодина помасовно и побројни…се гледаме на АЗОТ 2016!! –  – вели Зоран Јаневски, организатор на велосипедската тура

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

← Назад кон архивата