Македонските спортски федерации во Скопје Сити Мол (видео)

Во склоп на самиот трговски центар на повеќе различни локации македонските спортски федерации овој викенд ќе вршат отворена презентација и промоција на нивните спортови, натпреварувачи и тренери. Ова е одлична можност за сите граѓани, особено за најмладите да ѕирнат нешто повеќе за мноштвото на спортски активности кои се на репертоарот на Македонија.
Во програмата најавени се и натпревари во шах и пинг-понг како и презентација на ракометниот камп на „Кире Лазаров 7”.