Штракај и бери!


Станува збор за алатка за пребарување која врз онова на слика, преку вашиот смартфон ви дава повратна информација за соодветното растение. Во позадина располага со огромна дата база и е одлична за сите кои уживаат во природата, си садат цвеќенца по дома, се интересираат за ботаника или сакаат да наберат добар чај…
Она што го прави системот единствен е дека се заснова на динамична социјална мрежа каде корисниците ги качуваат своите фотографии и ги оценуваат според квалитет. Во моментов нема одделен сегмент фокусиран на лековити растенија и оние кои се јадат, но во блиска иднина се очекува и ваква изолирана верзија.
За подетално обајснување погледнете го видеото, а апликацијата можете да ја инсталирате на следниот линк.