Започна тренерскиот курс за УЕФА Б Диплома


На 31 мај, 2015 г, во Спортскиот комплекс на Хотел Истатов започна првиот дел курсот за добивање на УЕФА Б тренерска диплома.
Ова за ФФМ е јубилеен 20-ти курс по ред во кој свое учество ќе земат вкупно 45 идни македонски тренери. во првиот дел од курсот предвидени се теоретски презентации од областа на методика и организација на тренинг во млади категории, психологија во фудбал со млади играчи, превенција на спортски повреди, структура на тренинг, додека на практичниот дел предвидено е приказ на принципи на тренирање и моделирање на тренинг според возраста која се тренира.

Во оваа група на тренери помеѓу другите се и неколку наши репрезентативци како Александар Митрески, Грнчаров Бобан, Деспотовски Филип, Нурединовски Един, Ардијан Нухији.
„Радува фактот што групата е составена од голем процент на млади тренери меѓу кои има и врвни фудбалери со интернационални кариери, кои сакаат своето знаење да го продалбочат и во делот на тренерската струка, а секако дека ние сме тука да им помогнеме во тој аспект. Очекувам оваа како и последните неколку генерации на тренери кои посетија УЕФА Б курс да бидат носители на новиот тренд на тренинрање млади фудбалери што ќе доведе до зголемување на квалитетот како во нашите лиги така и во националните репрезентации.” – изјави Небојша марковски, Директор на Центарот за Едукација на ФФМ.