Друго

Што сликна НАСА за климатските промени

Суша во Калифорнија

width=635

Калифорнија страда од една од најголемите суши кои и се случија во последните децении поради намалените дождови и намалените количини снег на планината Сиера Невада (слика 1). Во 2013та имале најмалку врнежи од 1850та од кога се оформиле како држава. Како резултат на сушата, можноста за пожари и негативни влијанија врз земјоделството се многу веројатни.

Исланд, стеснување на ледените површини

width=635

Исланд има високо развиен туризам за своите ледени површини и глечери кои се во
близина или се на самите вулкански кратери. Но освен вулканските активности и
геотермалните топли води кои повремено знаат да влијаат на глечерите, повеќето од
нив континуирано се намалуваат како резултат на потоплата клима. пример е глечерот долу лево на сликата кој се намалува за 50м2 годишно, со што исландците скоро секоја година ги поместуваат паркинг местата за глечерот да остане достапен до туристите. 

Антартика, санта мраз бега од континентот

width=635

Санта мраз која е околу 35км на 20км голема, се откачи од Антартика. Иако
санти мраз природно се одцепуваат секои 3 до 6 години, разликата е во тоа
што оваа санта мраз е 50% поголема од претходните, што не е баш природно и
нормално.

Еквадор, топење на мразот

width=635

Котопакси Вулканот, еден од највисоките вулкани во светот е дом на Котопакси Глечерот, кој има големо економско, социјално и природно значење. Водите кои се слеваат од глечерот се извор на свежа вода и добивање на струја преку хидро централа за главниот град на Еквадор, Куито. Со зголеменото топење на глечерот во последните години, намалувајќи го за над 60% во последните 60тина години, Куито и Еквадор мора да бараат алтернативни извори на свежа вода и производство на струја за наредните децении.

Гренланд, топење на Глечерот Петерман

width=635

Санта мраз, 4 пати поголема од Менхетен се откина од Петерман Глечерот, покрај северозападниот дел од Гренланд. Потоплите води под мразот и потоплите морски води најверојатно се главните виновници за кршењето и одцепувањето.

Танзанија, топење на мраз

width=635

Планината Килиманџаро во Африка, највисоката самостојна планина во светот, е создадена од 3 вулкански кони. Сликите пред и потоа го покажуваат драматичното опаѓање на ледените површини во последните децении.

Италија/Швајцарија топење на мраз

width=635

Границата помеѓу Италија и Швајцарија, планината Матерхорн, наслагите од снег кои се постојани во текот на целата година драстично се намалени. 

Аљаска, топење на Глечерот Педерсен

width=635

Перу, топење на Глечерот Куори Калис

width=635

Аљаска, топење на Глечерот Муир

width=635

 

← Назад кон архивата