Исхрана

Во виното е делумно вистината

width=635

Со години научниците се обидуваат да ја најдат тајната состојка од виното која докажано го подобрува здравјето кај оние кои редовно и умерено го користат во нивната исхрана. Долги години, преку разни експерименти тие луѓе се обидуваа да го демистифицираат пијалокот на боговите небаре ќе го дотераат во форма на пилула која потоа ќе може секој да ја голтне и да биде поздрав (без да го вклучи алкохолот). 

Расвератолот беше еден од главните посочени состојки која беше „обвинета” за полезните ефекти на овој пијалок, но и таа во поновите истражувања потфрли. 

За време на овие години пак, една данска студија година пристапи на еден многу поелегантен начин према решавање на загатката. Зошто да се гледа ограничено во виното, зошто не се погледне и во целокупната исхрана на луѓето кои консумираат вино?

Години подоцна, истражени 3,5 милиони сметки на луѓе кои пазареле во 98 различни супермаркети и се доаѓа до многу убав заклучок. Луѓето кои во нивните кошници вклучувале и флаша вино имале многу поразлични намирници од оние кои пример, купувале пиво.

Винопиите редовно во комбинација имале маслинки, сиренце, овошје и зеленчук, свежо месо, зачини и честопати чај. Пивопиите пак, најмногу имале чипсови, кечапи, готови производи и газирани сокови. 

Научниците велат: „Можеби виното не игра толкава голема улога во здравјето на овие луѓе, туку можеби целокупната исхрана е најважниот фактор во здравјето на човекот?”

Сигурно ќе ве интересира – Не постои „суперхрана”, постои „суперисхрана”

← Назад кон архивата