Вести

Биди креативен и те носиме во Мариово

title=сликано

Во период од 13 до 24 мај сите љубители на спортувањето и рекреирањето во нашата дражава ќе имаат можност да учествуваат во фото-натпреварот #karas4mariovo каде што за двајцата најкреативни ќе се доделат карти за фестивалот Mariovo off-road Experience 2015 – повеќе за фестивалот ТУКА

Што треба да направам?

Многу едноставно – Излезете во природа, спортувајте го она што најмногу ви причинува задоволство и уживајте. Возете велосипед, трчајте, планинарете, качувајте насоки, кајакарете, пливајте (ако не ви студи), летајте параглајдер или практикувајте било која друга активност на отворено и направте една супер фотка од вашата активност. 

Објавете ја фотката со #karas4mariovo на Фејсбук, Твитер или Инстаграм и продолжете си со вашите редовни обврски.

На 24 мај фото-натпреварот завршува, а наше жири ќе ги одбере двете најкреативни фотографии кои ќе бидат наградени со по една карта за настанот.

Се гледаме таму!

← Назад кон архивата