Жена ја извесла Јужна Америка на кајак


Фреја не е ништо нова во маратонскиве кајакарски подвизи откако во 2007 година го сврте Исланд и Јужниот остров од Нов Зеланд, а во 2009 стана првата жена и вториот воопшто човек што ја имаат заобиколено Австралија со кајак.
Овој петок во Буенос Аирес таа ги заврши последните 2 километри од нејзиното 26,908 километри долго патување околу цела Јужна Америка. Таа патуваше во нејзиниот кајак низ 13 држави, низ Панамскиот канал (прв таков подвиг со кајак) и мина низ опасниот ‘рт Хорн во период од 44 месеци.

Во тој период таа ја избутка турата во четири одделни етапи (меѓу кои имаше одмор и патување до дома) во кои просечно минуваше по 45 километри на ден или приближно по 9 часа во вода. Вечерите таа спиела на обалата по плажите во нејзиниот шатор. Целата потребна опрема, храна и вода таа ја има носено во нејзиниот кајак со правење на повремени дополни во блиските градови.
Овој први мај таа успеа да ја заврши четрвтата етапа од одисејата во Буенос Аирес, местото откаде во 2011 година таа тргна.
