Вести

Второ место за Бонев на вториот „Соколов пут”

width=635

Трката во планинско трчање „Соколов пут” е дел од Скајранинг лигата во Србија која започна на големо да го популаризира спортот меѓу љубителите на спортските активности, трчањето и планинарењето. 

Истата се одржува веќе втора година на прекрасната Сува Планина близу Ниш и Нишка Бања односно минува низ целиот срт на планината преку каменестиот предел Мосор, стрмниот врв Соколов Камен и завршува со успонот на врвот Трем, највисокиот врв на планината со 1860 м.н.в. Трката е со должина од 22 километри и има 2200 позитивна денивелација (качување) а имаше можност да настапат планински тркачи за кои временскиот лимит беше 7 часа и планинари за кои лимитот беше 10 часа. 

width=635

Организацијата на самата трка беше на одлично ниво и на истата настапија околу 120 планински тркачи и повеќе планинари. Македонија беше солидно претставена од тим од 9 тркачи кои завшија со одлични времиња. 

Најдобар од нашиот тим, вклучително и втор на целата трка беше Марјан Бонев, тркач на TREX кој стазата успеа да ја мине за време од 2:49. Прво место освои Кристијан Стошиќ со 2:35, а трето Милован Милиќ со време од 2:50.

Прва жена беше Ивана Милиќ со време од 3:30. 

width=635

Важно е да се напомене дека и останатите натпреварувачи од македонска екипа завршија со одлични времиња и од вкупно 120 натпреварувачи го остварија следниот пласман во генерална конкуренција. 

Марјан Бонев – 2 место – 2:49

Филип Туманоски – 9 место – 3:13 

Александар Кирковски – 11 место – 3:19

Дејан Тодевски – 20 место – 3:33

Михаил Стефанов – 21 место – 3:35

Игор Јовановски – 22 место – 3:37

Игор Пирковски – 34 место – 3:49

Борче Милошковски – 47 место – 4:11

Трајче Панковски – 73 место – 4:40

Како дел од српската Скајранинг лига оваа година на други трки до подиум успеа да дојде и Јовица Јованчев на првата трка од лигата – Авала каде го освои првото место, а Бонев успеа да биде трет на вертикалниот километар на Ртањ. 

фотки – Скајранинг Србија

width=635

width=635

width=635

← Назад кон архивата