Вести

Фукнционална магнетна стимулација

width=635

Нова физиотерапевтска стимулативна метода е Функционалната магнетна стимулација која го користи рапидното променување на магнетното поле за да предизвика длабока мускулна контракција која неможе да се постигне со класичната до сега позната електростимулација.

Предноста на оваа метода е тоа што е безболна ,неинвазивна ,и ефикасно го стимулира мускулното ткиво дури и без директен контакт со кожата.Третманите со оваа метода траат од 15 до 20 минути секој втор ден, во серија од 10 третмани.Не се потребни никакви претходни подгтовки на пациентот за спроведување на третманот, освен заземање на соодветна позиција во која ке спроведи терапијата.

Разликата од класичната електростимулација и функционалната магнетна стимулација е во тоа што при спроведување на оваа терапија не се потребни претходни лоцирања на моторните точки за стимулација ,имајки предвид дека апаратите за ФМС користат специјални апликатори кои сами ја лоцираат моторната точка и го извршуваат бараното движење на мускулот.

width=635

Индикации за третман се дегенеративен артритис,ревматоиден артритис,акутна или хроннична лумбоишиалгија ,спондилитис,периферни нервни нарушувања,смрзнато рамо,болка во мускулите,рехабилитација на нерви или мускули после фрактура,мускулна атрофија,грчеви,урогенитални болести,стресна или импулсна уринарна инкотиненција,болка на простата,постоперативна и спортска рехабилитација.

Контраиндикациите се стандарни како и кај другите електротерапии ,вградени метални протези и пејсмејкери.

← Назад кон архивата