Флора-фауна

Развој на квалитетни програми на клубовите за дигање тегови во Македонија

width=635

Адам Глигоровски со одличен успех го одбрани својот труд “Развој на квалитетни програми на клубовите за дигање тегови во Република Македонија”, труд одбранет пред членовите на комисијата составена од претставници на ИОК, Американскиот олимписки комитет и Универзитетот Делавер (САД).

Дипломата на Адам Глигоровски му ја доделија Спортскиот директор на ИОК, Кит МекКонел, Програм директорот на ИОК, Јасин Јусфи и Генералниот секретар на Меѓународната кајак федерација, Сајмон Тулсон.

Македонскиот олимписки комитет, како невладина и небуџетска институција, финансиски и логистички во целост ја поддржа оваа обука и силно верува дека со овој вид на акции директно ќе го помогне развојот на спортот во Република Македонија

← Назад кон архивата