Флора-фауна

Втор Балкански Вушу Шампионат

width=635

Имено, мислев дека датата на одржувањето на балканското вушу натпреварување ќе се поклопи со бранењето на мојот магситерски труд , и само две недели пред почетокот на шампионатот дознав дека бранењето ќе биде во мај и го прифатив учеството. Ова значеше турбо подготовки , голема жртва, стресна организација и голем физички напор, но истовремено голема желба и мотив да се биде дел ваков настан.

Македонската репрезентација се состои од две извонредни жени и прекрасни личности. Елена Ставреска и Сашка Блажевска Чоланчевска. Елена Ставреска е мој прв член во Вушу клубот Феи Лонг, ако кажам дека е мој прв ученик неминовно е тоа да го надополнам со мудрата изрека ” најдобриот учител на учителот е ученикот”. Да се подготвува ваков амбициозен натпреварувач е вистинско задоволство. На сите тренери и инструктори им посакувам ваков вежбач, а на сите останати ваков пријател во животот. Мислам дека кажав се’, а да, освои две сребрени медаљи во извонредна конкуренција. Едната сребрена медаља прво беше златна,хаха, но Грција беше домаќин, мислам дека е јасно.

Е сега, за вториот натпреварувач, Сашка Блажевска Чоланчевска можам да кажам дека е супержена. Еве и зошто. Со Таи Чи Чуанот се запозна пред помалку од 3 години.Со редовно вежбање и голема посветеност успеа да биде вториот најдобар вежбач на Таи Чи Чуан во државава и со тоа да биде еден од Македонските претставници на Балканското Вушу натпреварување.Со оглед на тоа дека е мајка на две прекрасни дечиња, Ангелина и Гордан јас не се надевав дека воопшто ќе го прифати учеството, но таа не само што прифати туку и возеше 12 часа до Атина и потоа се натпреваруваше и успеа да добие солиден пласман 5то место во извонредна конкуренција. Морам да му се заблагодарам и на нејзиниот сопруг Александар Чоланчевски Чочо за огромната поддршка. Сашка ми дава надеж дека женсиот свет кај нас ќе се освести дека бракот и мајчинството не се пречка да се напредува во различни сфери во животот. Немам што друго да додадам освен дека сум презадоволна од пречекот и од громогласниот аплауз кога влегувавме на отворањето на шампионатот како и од самото натпреварување. Ова натпреварување ќе го паметам по многу нешта, а најмногу по дружењето, новостекнатите пријателства и животното искуство, а што друго да посака човек.

← Назад кон архивата