Големо чистење на охридското крајбрежје

Акцијата за чистење произлегува од потребата да се одржи беспрекорната чистота на крајбрежјето на Охридското Езеро, нашето најголемо и најзначајно придорно езеро, воедно и најстаро на Европскиот континент.
Целта е да се поттикне континуирана акција со која ќе се исчисти отпадот од овој бисер, прогласен за Светско културно наследство, кое со големиот број реликтни и ендемични организми што живеат во него е под заштита на УНЕСКО.
Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународната астрономска унија решаваат едно од езерата на Урановата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро”.
Семинарот се одржува во просториите на хотел Макпетрол, Струга, со основна цел за зголемување на свеста и грижата за природата. Секој што е заинтересиран за вклучување во семинарот и акцијата за чистење може да се приклучи, добредојдени се сите.
Инфо: Горан 070/410-505
Facebook – https://www.facebook.com/artoflivingmacedonia