Вести

Идризи ја освои Гази Баба во кати

 

Во сабота (28.03.2015) во Скопје се одржа меѓународниот карате турнир Гази Баба Опен 2015 каде што учествуваа околу 600 натпреварувачи од 8 земји. Абдурахим Идризи се закити со златен медал во дисциплината КАТИ (13-14 год). За да се постигне овој успех требаше да изведе четри кати. Во првото и второто коло немаше тешка работа, и се представи со катите “Емпи” и “Гоџушихошо”, додека во полуфиналето се сретна со првакот од Црна Гора Чепиќ Урош кого го со катата “Канкушо” го совлада со максимални 5-0, и во финалето се сретна со Романскиот првак Влад Кристијан кого со катат “Унсу” истотака го совлада со максимални 5-0. Според информоациите што ги добивме од страна на романски претставник, се работело за натпреварувач кој е вицепрвак и втор на Венице куп.

← Назад кон архивата