Вести

Новости околу експедицијата на Анапурна

width=635

Ситуацијата околу самата експедиција во која учествуваше Дејановиќ за време на симнувањето беше доста тензична па затоа не сакавме предвреме да известуваме за состојбата во која се наоѓа повеќечлениот тим кој во текот на неколку последователни денови за време на симнувањето има поминато страшен физички и психички стрес. 

Имено, целата експедиција составена од 13 члена на 24.03.2015 успешно се искачи на врвот, но поради голем замор, најкритичниот дел од акцијата, симнувањето, помина лошо каде двајца членови, Пемба Шерпа и Самули Масика ги губат животите. Во екстремно тешки услови со температури до -50 целзиусови степени останатиот дел од тимот принудно преноќува на 7400 метри надморска висина и другото утро се упатува кон камп 4. 

Финецот Самули Мансика бил долгогодишен планинар, алпинист кој има запишано голем дел од Хималајската круна, дури 10 врвови над 8000 метри, меѓу кои К2, Еверест, Чо Оју, Манаслу и други, но десеттата, Анапурна, Самули не успеа да ја спушти и заедно со Пемба Шерпа вечно останаа високо.

На 27.03.2015 останатите 11 членови стигаат во базниот камп откаде со хеликоптер треба да бидат пренесени во Катманду. Сите останати членови имаат доживеано некакви повреди, смрзнатини и психички стрес, но се на сигурно известува и ФПСМ. 

Со ова искачување Здравко Дејановиќ стана првиот Македонец со искачени три осумилјадарки, Еверест, К2 и Анапурна, што значи и врвен дострел во хималаизмот. 

Му посакуваме безбедно враќање назад во Македонија. 

← Назад кон архивата