Ако се мислите за вашиот прв маратон, помислете на бабава


Сигрид Ајхнер е родена во Дрезден, на 29 септември 1940 година а моментално на свои 74 години живее во Берлин и замислете, не е пензионирана туку сè уште работи само поради една причина – ѝ се потребни финансии за да го прави тоа што и претставува задоволство – да трча маратони.
Моментално германската супер-бабичка го држи женскиот рекордот за најмногу истрчани маратони во животниот век со заокружена бројка од официјални 1887 маратони и ултрамаратони во нејзината 34 годишна маратонска кариера. Ако ви се прави есап на годишно ниво, правете, нас не мрзеше затоа што и оваа бројка ни е доволна.

Таа е израсната во тешка средина во Источна Германија, во семејство без татко и со три браќа, но упорноста во учењето и спортот ѝ овозможиле добивање на неколку стипендии за школување. Во моментот таа има голема популарност во Германија поради нејзиниот огромен подвиг.
Во нејзиниот активен живот досега има заокружено и повеќе сериозни ултрамаратони, а нејзината колекција на медали брои околу 400, заедно со уште 400 пехари и безброј маици. Нејзината желба е да ја заокружи бројката од 1940 маратони во својот живот, годината кога била родена, а ние викаме – Напред Сигрид!
Него што ни беше муабетов, не е за бројкиве, за мотивацијата е.