Вести

Марјан Бонев трет на Ртањ вертикал

width=635

Ртањ Вертикал Километар беше одржан овој викенд во источниот дел од Србија на планината Ртањ односно на на највисокиот врв на оваа планина Шиљак 1565 м.н.в. 

На трката учествуваа вкупно 93 натпреварувачи, а во конкуренција до 68 мажи нашиот специјалист за кратки и стрмни планински трки заврши трет со време од 58:24. Прв во машка конкуренција беше Словенецот Јошт Лапајне со време од 54:20, а втор беше Кристијан Стошиќ од Србија со време од 56:16. 

width=635

Во женска конкуренција прва беше  Ивана Милич од Србија 01:18:00, втора е Анета Арифи 01:21:00 а трета е Ана Обрадовиќ 01:29:00. 

Фотографии – Скајранинг Србија

← Назад кон архивата