Исхрана

Легуминози – храна за секој ден

width=635

ПРОТЕИНИ ЗА ВЕГЕТАРИЈАНЦИ

Легуминозите се одличен извор на протеини за сите кои избегнуваат храна од животинско потекло или сакаат да одморат од месо. Различните типови на легуминози содржат различни количини, но леќата се издвојува како најбогата протеинска ризница.

ИЗВОР НА МИНЕРАЛИ И ВИТАМИНИ

Калиум, калциум, Б витамини, железо и фолати се дел од витаминско-минералната палета која легуминозите ја содржат. Токму поради тоа легуминозите може да помогнат во подобрување на крвната слика.

ДИЕТАЛНИ ВЛАКНА

Важен фактор на кој ретко му се обрнува внимание се токму диеталните влакна. Во легуминозите се содржат и солубилните и несолубилните, а ги има во големи количини. Едните ја подобруваат дигестијата, а другите превенираат опстипација и дигестивни проблеми.

ЛЕГУМИНОЗИТЕ ИМААТ НИЗОК ГЛИКЕМИЧЕН ИНДЕКС

Тоа значи дека не доаѓа до нагло покачување на нивото на шеќер во крвта т.е. доаѓа до побавно согорување и искористување на енергијата. Ова ги прави легуминозите погодни за лица со дијабетес или метаболен синдром, каде брзо согорувачките шеќери се одразуваат негативно.

ЕВТИНИ И ДОСТАПНИ

За малку пари можете да прехраните цела војска, ги има во секоја продавница и на секое пазарче, а исто така во дехидрирана форма или во замрзнувач можете да ги чувате долго време, па тоа ги прави практични за употреба.

ГО ОДРЖУВААТ ЛЕПТИНОТ

Хормонот кој ќе го стопира апетитот е под директно влијание на ниско маслена и високо калорична храна како што се легуминозите. Вушност далеку побрзо ќе се заситите од легуминози отколку од тестенини.

ПОВЕЛЕТЕ НЕКОЛКУ РЕЦЕПТИ ЗА ПОВЕЌЕ ЛЕГУМИНОЗИ

width=635

width=635

width=635

width=635

width=624

← Назад кон архивата