Oдговори на предизвикот, ако си доволно спремен!


Алгасан и Бут Камп Бубало ве покануваат во периодот (април – јуни 2015) во СПОРТСКИ ЦЕНТАР ФОРЦА да бидете дел од УЛТИМАТИВНИОТ ФИТ ПРЕДИЗВИК!
Секој вторник од 7ми април до крајот на јуни точно во 18:20 часот во Спортски центар Форца твојот тим ќе биде дел од најголемиот фит предизвик досега.
100 минути предизвик,100 минути најјаки вежби, со кој друг ако не АЛГАСАН и Bootcamp БУБАЛО!
И уште нешто: во предизвикот можат да учествуваат најмногу 40 тимови, затоа побрзај и пријави се преку формуларот подолу на странава.
Предизвикај и биди предизвикан! Докажи дека си во форма, докажи дека си најдобар!
Што треба да направиш за да се пријавиш?!
- Креирај тим од тројца, но не заборавај: во тимот мора да има и момци и девојки
- Дај му име на тимот. Што поопасно, тоа подобро!
- Пријави го твојот тим најдоцна до 29.03.2015
ОДГОВОРИ НА ПРЕДИЗВИКОТ, НАТПРЕВАРУВАЈ СЕ, ПОБЕДИ И ОСВОЈ НАГРАДА!
- Секој вторник – награда на денот за најдобриот тим
- Викенд на море за победничкиот тим на предизвикот: две ноќевања, со вклучен превоз, појадок и вечера
- Викенд во Лазарополе за второпласираниот тим: две ноќевања, со вклучен превоз, појадок, ручек и вечера
- СПА-релаксација за третопласираниот тим
ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО
Секој тим треба да биде составен од 3 члена
Секој тим треба да биде комбиниран од машки и женски членови
Секој тим треба да има капитен/водач
Секој тим треба да има име под кое ќе се води до крај на турнирот
Во предизвикот можат да учествуваат најмногу 40 тимови
Пријавувањето е бесплатно
БОДУВАЊЕ:
Секоја вежба носи одреден број на бодови
Се доделува по еден бод за редовност на тимот
Се доделува еден бод за тимот на денот