Вести

Изгаси си го мозокот

width=618

Пушењето има штетни последици врз секоја можна клетка во човекот па нашето и онака кревко мозочно ткиво не е надвор од оваа листа. Имено, научниците во една од поновите студии покажаа дека долгогодишните пушачи имаат мерливо помал слој на сива маса во мозокот од врсниците кои не пушат. 

Сивата мозочна маса кај човекот е најразвиениот дел од мозокот на сите цицачи и тоа е елементот што практично нè одвојува по нашата интелегенција, начин на размислување, капацитет, свесност итн. од другите нам многу блиски претци. 

Студијата правена на универзитетот во Единбург врз повеќе (во просек) 73-годишни пушачи со помош на магнетна резонанца и статистички премерувања покажа дека тие имаат физички потенка сива маса во нивниот мозок. 

Во споредба со нив, оние кои се непушачи или оние кои навреме се откажале ги имале просечните стандардни димензии со што делумно се потврдува теоријата за пластицитет на мозочното ткиво односно, дека мозокот не е „статично” ткиво, туку и тоа под влијание на разни фактори се менува и реагира на различен начин. 

Иако не е докажана позитивна врска помеѓу (поголемата) мозочната маса и нивото на интелигенција, сепак ова нека служи како потсетување за лошите ефекти на пушењето. 

← Назад кон архивата