Зимски вејкскејтинг во Босна

Брајан Груб е пионер во вејкскејтингот, огранок на вејкбордингот како спорт во кој како даска се користи малку поразличен модел кој наликува на скејтборд и важно е тоа што вејкскејтот нема везови за коишто си ги врзувате нозете. Ова овозможува спортистите да прават разни трикови за време на влечењето низ водата, многу слично на скејтерите.
За потребите на видеото беше поставена една од подолгите линии за влечење (скоро 400 метри) а Брајан одлично се снаоѓа во комбинираниот терен од вода, замрзнати делови и длабок снег.