Вести

И Софија НаКолело

Не знаеме до каде е бугарската метропола со нивните Критични маси (единствено што гугл ни даде беа некои дамнешни, од пред неколку години и некои понови споствено организирани вело-разходки) меѓутоа знаеме што прави Гошо. 

Неговиот самоорганизиран предизвик кој веќе неколку дена се одржува е насловен „Колело срещу кола” и има намера да поттикне што повеќе софиски шофери да го придружат во неговите претходно востановени маршути низ градот и да се уверат дека точакот е побрзо средство  за транспорт отколку автомобилот.

Покрај ова, тој наведува и уште низа други причини поради кои тој вози велосипед ПА И ВО ЗИМА, а нас најмногу ни го милуваше увото онаа за како дека можеш да се ќефиш на различни маршути. 

Неговиот предизвик трае од 16.02 до 20.02 а денес се вози од Борово до НБУ.

Истава поента, за тоа каде ТОЧАКОТ ЈА ШИЕ КОЛАТА ја доловија и луѓето од скопскиот НаТочак, па уверете се во погорниот линк кој е побрз, особено в пиковите часове.

Следете го Гошо, предизвикот и неговиот Велодиспансер Fix&Ride на фејсбук тука

← Назад кон архивата