Вести

Д Стронгест & РУТС БЏЏ со освоени 10 медали на East European BJJ Open 2015

width=635

Овој успех е за почит бидејќи 4 натпреварувачи за првпат се натпреваруваа на официјален турнир. Сандра Јанкова освои два сребрени медали, еден во категорија и еден во апсолутна категорија со далеку потежок и поискусен противник (во апсолутна категорија се бореше со освојувачот на бронезниот медал од Европскиот Шампионат 2015 година).

Иван Милошев по две победи, во полуфиналето иако водеше на поени и веќе ја имаше победата на дофат, на крајот направи грешка и ја загуби борбата на зафат (арм бар). Огнен Кузмановски кој истотака настапи првпат освои бронзен медал.

width=635

Во категорија на плави појаси се бореа Стефан Пецевски и Никола Костадиновски. Тие за првпат се бореа во оваа категорија (до пред 2 месеци се бореа во категорија на бели појаси). Стефан Пецевски изгуби во финалето во категоријата, а во апсолутната категорија по неколку победи во финаланта борба имаше грч на ножниот мускул па мораше да ја прекине борбата и на крајот мораше да се задоволи со две сребрени медали. Никола во финалето изгуби и освои сребрен медал.

width=635

Александар Заткоски истотака се бореше за првпат во силната категорија на виолетови појаси. Оваа категорија е исклучително квалитетна бидејќи се натпреварувачи со поголемо искуство. Заткоски во финалната борба се бореше против потежок и многу поискусен противник (бидејќи немаше противници во неговата килажа мораше да се приклучи кон потешката категорија). Борбата ја загуби со 2:0 бидејќи судијата му додели техничка казна со што неговиот противник доби 2 поени и со тоа ја доби и победата.

width=635

Алексовски Ивица се бореше во категоријата на виолетови појаси. Со повреда на ногата Алексовски сепак се одлучи дека може да се бори на овој силен турнир. Во полуфиналната борба извојува победа и се пласираше во финалето, но финалната борба беше многу брзо (после само 10 минути пауза) и борбата ја загуби на поени, па мораше да се задоволи со сребрен медал.

Во екипниот пласман нашиот тим беше на солдиното 6 место.

Сè на сè оваа екипа ветува поголеми успеси на предстојните турнири и се надеваме дека и понатака ќе продолжиме со “производство” на нови шампиони кои ќе доследно ќе ја представуваат нашата држава на светски турнири.

Извор

width=635

width=635

← Назад кон архивата