Вести

Сончев зимски Прв до врв на Свети Трифун

width=635

Околу 300 планинари и велосипедисти го посетија Водно и се собраа на врвот на планината со чаша вино симболично да го одбележат денот на светецот на виновата лоза. Убавиот сончев и топол ден како и бројната посетеност од страна на скопјани направија прекрасна атмосфера на платото пред планинарскиот дом на врвот на Водно.

Прв до врв на Свети Трифун беше вториот од серијата настани најавени од организаторите на ова популарно и масовно движење, кои се организираат секој месец по одреден повод.

width=635

Следниот Прв до врв ќе се одржи на 22 март во чест на почетокот на пролетта.

Прв до врв е спортско-рекреативен настан кој се организира еден ден во годината и на кој неколку илјади планинари и велосипедисти се натпреваруваат кој ќе стигне прв до врвот на Водно. Трките имаат масовен карактер и ги обединуваат скопјани во идејата за спортско и рекреативно уживање на планината Водно. Оваа година главниот настан е закажан за 24 мај.

Пријатели и помагатели на Прв до врв посветен на Св.Трифун беа винаријата Тиквеш и еко-партнерот Пакомак.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв.

width=635

← Назад кон архивата