Ослободи ја петата – Скијавме телемарк

Илина Арсова заедно со „ТАКТ” беше иницијатор и организатор на настанот „Телемарк (Р)еволуција”, чија главна цел беше промоција на телемарк скијањето во Македонија, нешто што ретко кој имал прилика да го види на нашите падини и уште помалку да скија на ваков начин.
Овој викенд сите заинтересирани имаа можност да учествуваат на кратки обуки за телемарк скијање со целосно обезбедена опрема и инструктори од италијанските скијачки клубови и асоцијации за оваа техника. Заинтересираноста од страна на македонските скијачи и нескијачи беше одлична и на регистрацијата имаше полно луѓе кои сакаа да го пробаат новиот начин на скијање.
За разлика од стандардната ски опрема, телемарк опремата се разликува по самиот вез и кондурата која што е флексибилна и заедно овозможуваат одвојување на петата односно го овозможуваат познатиот телемарк став.
Обуките беа водени од шест телемарк сертифицирани италијански инструктори во повеќе групи и целиот настан се одвиваше во пријатна атмосфера и дружење. При крајот од денот имавме можноста да скијаме и со Илина која веќе неколку години скија телемарк и е голем љубител на овој начин на скијање.
Настанот сè уште трае, а повеќе информации можете да прочитате тука