Друго

Најубавата соларна централа

width=635

Некаде во пацификот на францускиот остров Нова Каледонија самата природа  си поиграла со својата креативност создавајќи парче вегетација на островот во форма на срце, нешто по што овој остров е познат и уникатен во светот. 

Сега жителите на островот праќаат еден француски „жтем” поздрав до природата, создавајќи ја најубавата соларна фарма во вид на срце, како одговор  на природата дека повеќе не сакаат да ја загадуваат со фосилните горива за своите потреби.

width=635

Соларното срце ќе почне да работи оваа година и ќе напојува 750 домови, а со својот 25 годишен животен циклус ќе го намали испуштањето на штетни гасови за 2 милиони тони и ќе придонесе за енергетската независност на жителите од овој остров. И си се сакаат локалците и природата…

 

← Назад кон архивата