Вести

А на дното, врвот!

width=635

Компанијата Норт Дринквер со помош на топографските информации американските планини реши да вметне модел на планината Маунт Худ, познато природно обележје на Америка и државата Орегон, во дното на пивска чаша. 

Идејата јас спроведуваат со помош на занаетчии стаклари од Портланд кои целосно рачно ги изработуваат овие чаши. Производството воопшто не е едноставно и евтино па затоа и чашката си држи цена од 35 долари, ама и беше исклучително добро прифатена на Кикстартер каде што кампањата собра преку 350,000 долари за отпочнување на првата серија.

И, на дното испаѓа врвот.

width=635

Во однос на пивото како добар избор за рехидрирање на спортски ожеднетите организми ќе си прочитате тука (само со усул), а ние замислуваме како некој убав и личен македонски планински врв би се вклопил во некоја домашна чашка пиво. 

← Назад кон архивата