Флора-фауна

Церипашина Вертикал 2015

Зимскиот вертикален километар на Церипашина оваа година беше вториот по ред во серија заедно со неколку други скајран трки организирани од TREX.

Карактеристично за овие трки е тоа што се екстремно кратки (според стандарди не повеќе од 5 километри) но се исполнети со позитивно висинско качување од 1000 метри висина што ги прави исклучително тешки и специфични.

Оваа година зимскиот вертикал на Попова Шапка го трчаа вкупно 24 души меѓу кои и 2 девојки. Поради лошите временски услови трката беше скаратена за 300 метри висинска разлика па така, наместо да завршува на врвот Антени, таа заврши кај последната куќичка од жичарата на Церипашина. 

Победник во машка конкуренција беше Марјан Бонев со време од 41:35, после него заврши Александар Кирковски со 42:59 и Жикица Ивановски со 43:08. Од жените, прва заврши Американката Емили Негл со време од 01:05:48, а втора беше Маја Шулиќ, 01:13:26. 

Сите резултати следат подолу – 

1. Марјан Бонев, 41:35
2. Александар Кирковски, 42:59
3. Жикица Ивановски, 43:08
4. Виктор Ефремнов, 46:47
5. Александар Симјаноски, 47:53
6. Јовица Јованчев, 48:58
7. Дејан Тодевски, 49:23
8. Игор Јовановски, 54:18
9. Михаил Стефанов, 54:30
10. Срѓан Милошевски, 55:00
11. Кирил Стефановски, 56:50
12. Екалабија Божинов, 57:34
13. Димитар Поповски, 59:59
14. Игор Пирковски, 01:01:15
15. Борче Милосковски, 01:02:35
16. Emily Nagle, 01:05:48
17. Владимир Спасовски, 01:08:18
18. Драган Петровски, 01:10:05
19. Деан Тодоров, 01:12:20
20. Кристијан Огњановски, 01:13:25
21. Маја Шулиќ, 01:13:26
22. Игор Марковски, 02:08:00
23. Дејан Доневски, DNF
24. Дарко Нaсов, DNF

← Назад кон архивата