Полиција ќе трча покрај маратонците во Токио


Како дел од зголемување на безбедносните мерки, овој 22 февруари на токискиот маратон меѓу огромниот број на натпреварувачи ќе трча и група на специјално обучени полицајци кои ќе бидат задолжени за следење на ситуацијата на терен и евентуално брзо решавање на било каков проблем.
Тимот ќе биде составен од 64 специјални избрани полицајци кои имаат искуство во маратонско трчање и кои ќе подлегнат на дополнителни тренинзи пред самиот настан кој е закажан за 22 февруари. На маратонот се очекува да има околу 36,000 натпреварувачи и повеќе од 100,000 гледачи, а полицајците ќе бидат соодветно обележани и распоредени меѓу групата што трча.
Тие дополнително ќе бидат опремени со мали камери на нивните одела со што ќе се обезбеди следење во живо на самата ситуација, а ќе бидат задолжени да ги поминат сите 42 километри од маратонот заедно со поголемата група.
Реакцијата доаѓа поради зголемените закани од терористички напади, но и поради случајот со двајцата јапонски новинари.