Како изгледате без основното гориво?


Водата е круцијален елемент за прочистување на телото од токсини и за одржување на убава, еластична и хидрирана кожа без акни и црвенило. Како кожата на лицето, така и кожата на скалпот реагира на недостаток на течности, па честопати првутот можно е да се должи токму на тоа.
Кожата полесно се справува со изгореници доколку е добро хидрирана, а секако примарно хидратацијата потекнува од внатре, а потоа на второ место доаѓаат хидратантните креми. Недоволната хидратација често води и до кршливи нокти и безживотна коса.
Темни подочници, недостаток на солзи, сува и иритирана слузница на носот и грлото може да бидат резултат на дехирираност на телото. Од друга страна водата придонесува кон полесно губење на телесна тежина бидејќи го поткренува метаболизмот.
Дневно се препорачуваат минимум 8 чаши вода, но дневните потреби за секого се индивидуални, особено се повисоки кај луѓе што спортуваат, а дури и оние кои не спортуваат треба да се трудат и да ја надминат оваа количина.