Паштета од шампињони


- 250 грама шампињони (свежи)
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 30 грама пармезан
- 20 грама путер
- 200 мл павлака
- сушен магдонос
- сол и бибер
1. Кромидот и лукчето се сецкаат и е пропржуваат на загреано масло, па се додаваат шампињоните, сецкани на ливчиња.
2. Се посолува, се наросува мелен бибер и се додава сушен магдонос според вкус.
3.Тавата се тргна на страна и се остава да се олади, а потоа печурките се блендираат задно до пармезанот, павлаката и путерот.
