Вести

Двојна круна и историска петта титула во Хрватска

width=600

На овој голам настан во рамките на К.К. „Форца“ учествуваше и двократниот балкански првак Абдурахим Идризи кој се закити со два златни медали, и тоа во дисциплината кати во катедорија млади кадети, каде што во силна конкуренција успеа во 5 наврати да ги совлада своите противници и тоа прваците на Хрватска и Словенија, двајца Италијани и претставник од Хонг Конг.

После овој исцрпувачки настан, тој продолжи со натпреварите во кумите и млади кадети -36 кг и тука во 4 наврати совладувајки представници од Босна и Херцеговина и Словачка и повторно да се искачи на пиедесталот со златен медал.

Треба де се напомене дека според зборовите на организаторот, предходно само еден натпреварувач успеал да освои 4 титули по ред за 4 години, а после овој турнир Идризи влезе во историјата на овој престижен турнир освојувајќи 5 титули за 4 години.

width=600

← Назад кон архивата