Вести

Пешачка инспирација

width=635

Истражување правено на универзитетот во Стенфорд на 176 студенти покажа дека пешачењето и те како делува позитивно кога ви е потребна нова, свежа, креативна енергија да протече низ вас. Биле правени два експерименти каде што во првиот студентите измислувале алтернативни употребни вредности на некои објекти, а во другата измислувале зборови кои биле комбинација од други зборови. 

Експериментите првиот пат ги правеле седнати, а вториот се движеле на трака за трчање. 

81 процент од испитаниците имале подобри и покреативни решенија додека ги извршувале задачите одејќи. 

„Одењето има голем ефект на креативноста. Најголем број од испитаниците имале подобри резултати кога оделе во споредба со кога седеле, со просечен креативен аутпут од над 60 проценти повеќе.“

Еве и дополнителна причина зошто е добро тоа да го правите во парк или природа, добитна комбинација за целокупно уживање и прочистување на вашата енергија. 

← Назад кон архивата