Дакар де пута мадре

Прв (до врв) влетува Аргентинецот Хуан Мануел Силва кој го лансира неговото „мерцедесче“ на тумбање. Гледачите трчаат кон возилото за да го превртат од неговиот покрив кога ете ти го на истата тумба и Метју Кембел со неговиот автомобил на нешто слично, само со плус малку оган.
Во овогодинашното прво полувреме (први седум етапи) од најтешкото рели на светот се откажаа повеќе од половина натпреварувачи. Принудно трката ја завршија повеќе од 220 тимови од 406 пријавени.
Сета среќа што никој од погорната незгода не беше повреден.