Флора-фауна

Со храна против зимскиот блуз

width=635

Како имунитетот, така и расположението може да биде измоделирано со помош на неколку битни елементи во исхраната. Омега 3 масните киселини долго време се испитувани заради способноста да превенираат депресија или да ги намалат симптомите од истата. Освен тоа овие есенцијални масни киселини се познати и по против воспалителните карактеристики, па во зимскиот период се одличен сојузник за борба со вирусите. Овен како суплемент, омега 3 лесно ќе надокнадите и преку порција риба, спанаќ или ореви.

Недостигот на сонце условува и намалена синтеза на витамин Д. Од големо значење е за поволен имун одговор, но и за намалување на симптомите на зимска депресија, чија терапија е токму висока доза на од овој витамин. Неговите нутри-извори се прилично ограничени, но жолчката од јајце и масните видови на риби имаат високи дози на витамин Д, но најлесно се регулира со помош на суплементи.

Групата на Б витамини е одговорна на здравјето и функцијата на нервниот систем, особено Б 3 и фолната киселина кои го потпомагаат создавањето на серотонин. Бразилските ореви, авокадото, јатките, јајцата и овесот изобилуваат со б витамини, а во нашите услови незамелив извор на витамини е туршијата.

width=635

Еден преставник од минералите кој има огромно значење во намалување на симптомите на депресија и стрес е магнезиумот. Психијатриска установа во Хрватска, забележала значителен недостаток на магнезиум кај депресивните пациенти, па од таму и неговата улога во подобрување на расположението. Најмногу го има во темнозелените листести растенија како спанаќот и кељот, но и во рибата и јатките, а скриен извор, но и омилен на многумина е чоколадото, само играјте паметно и бирајте темно чоколадо со висока содржина на какао, а малку шеќери и млеко.

Овие неколку елементи во исхраната можат да изиграат важна улога кога станува збор за намален имунитет, но и зимско блузерско расположение. Трудете се да внесувате што е можно повеќе витамини и минерали, преку свежата храна што, иако во намален дијапазон, сепак ни е достапна во овој период или преку зимските бунари на витамини.

← Назад кон архивата