Вести

Врв дочек на врв Водно

width=635

Идејата за ноќно искачување на Водно непосредно пред сказалките да се препокријат за последен пат во 2014 година беше искучително позитивно прифатена од нашите читатели, а и самиот факт што во договореното време на Средно Водно се појавија околу 30-тина луѓе беше доволно јасно дека на нас како општество, ни е потребно нешто ново во досадното секојдневие. 

Се пријавија и појавија луѓе од различни возрасти, како млади така и постари дојдени во пар, во група, а некои и едноставно сами, но сите со позитивна енергија и желни за потрага по добра дружба и аватнура за новогодишната вечер. Од друга пак страна, целта на наша иницијатива беше токму тоа – формирање на една мешана група на луѓе кои инаку не би имале можност да го направат ова сами.

width=635

Формирани беа две групи, едната поголема којашто тргна во 22:00 и една помала во 22:30 часот, а искачувањето во одлични временски услови помина во најдобар ред. На врвот, домот беше отворен од страна на одговорните кои гостопримливо ја дочекаа групата и за многу брзо време се формираше пријатна предновогодишна атмосфера. 

Новата Година ја дочекавме на тарасата од планинарскиот дом со прекрасен поглед на целото Скопје коешто буквално беше послано со огномети и ечеше со пријатни славенички звуци. Чувство кое тешко дека некој ќе го заборави.

width=635

Дружењето продолжи да тече, а како мал новогодишен подарок од нашите пријатели Алгасан ние доделивме убави пакетчиња производи за оние кои дојдоа на оваа авантура. Едноставно, убаво е кога си активен, спортуваш и движиш на планина, а уште поубаво е кога имаш пријател како Алгасан.

Среќна Нова и бериќетна со многу повеќе спорт, тренинг и движење!

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

← Назад кон архивата