Домашен сируп против упорна кашлица


- 500 мл вода
- 150 грама шеќер
- 4-5 лорберов лист
- 4-5 гранчиња свежа жалфија или 2 кесички чај од жалфија
- 10тина зрна црн бибер
1. Во тенџере на оган се соединувааат сите состојки и на тивко се вари, се додека не се добие сируп или се додека количината се преполови.
2.Сирупот се пие неколку пати во текот на денот, по две до три лажици.
Црниот бибер ја подобрува циркулацијата, но и го олеснува исфрлањето на мукусот. Жалфијата покажува антибактериско и антивоспалително дејство, па ја смирува воспалената слузница на горните дишни патишта, а лорберовиот лист содржи висока доза на есенцијални масла меѓу кои и еугенол кој што има и аналгетично дејство.
П.с. Рецептот е на принцип „питај паталец, а не гаталец”, благодарност до д-р Џуди за истиот.


