Светски, а и наш – Ден на планината

Во одлична организација на ФПСМ овој месец традиционално беше одбележан Светскиот ден на планината. Турата која е секогаш резервирана за овој датум е убавата и пријатна маршута Водно-Матка која нашата планинарска група ја помина во максимално уживање и искористување на убавото време.
Манифестацијата ја посетија македонски планинари од сите планинарски друштва.