10 причини зошто вашето дете треба да спортува


Спортувањето игра важна улога кога говориме за здравје. Подолу ќе наброиме 10 причини зошто децата треба да се занимаваат со спорт:
-Преку вежбите се развива и усовршува координацијата и развиваат различни движења на движечкиот апарат.
-Преку учеството во редовни физички активности се стопират или забавуват некои хронични заболувања како дијабетис, срцеви заболувања, прекумерна тежина, хипертензија и рак.
-Дете кое спортува во рана детска возраст има поголема веројатност да продолжи да спортува кога ќе порасне.
-Редовната физичка активност помага за градење на здрави мускули, коски и зглобови.
-Спортувањето помага за развојот на важни вештини за интерперсонална комуникација (тимска работа) особено кај колективните спортови.
-Вежбите го подобруваат квалитетот и квантитетот на спиењето.
-Децата кои тренираат имаат поголема самодоверба и се посигурни во своите можности .
-Спортистите имаат помала шанса да страдаат од депресија. Спортот дефинитивно подобрува општото расположение.
-Истражувањата покажуваат дека вежбите ги подобруваат академските достигнувања на децата.
Причините се премногу, затоа не губете повеќе време и направете му услуга на вашето дете, запишете го на спорт!