Лазаров во најдобриот светски ракометен тим за 2014


Публиката имаше можност да гласа во периодот од почетокот на ноември до 4 декември, а жирито од 23 светски спортски новинари го дополни гласањето на најдобар ракометар, најдобар светски тим и најдобар тренер за 2014 година во изборот формиран од handball-planet.com
За најдобар ракометар беше прогласен Никола Карабатич од Барселона, а нашиот Кире Лазаров влезе во најдобриот ракометен тим за 2014 на позиција десен бек. Покрај него во тимот се избрани и: дефанзивец – Тобијас Карлсон (Фленсбург), лево крило – Гудјон Валур Сигурдсон (Барселона), лев бек – Микел Хансен (ПСЖ), среден бек – Никола Карабатич (Барселона), десно крило – Лук Абало (ПСЖ), пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце), голман – Никлас Ландин (Рајн-Некар)