Ултра газди ултра пес


Некаде на 30 километар од стартот на Светскиот шампионат во авантуристички трки (нешто слично, само во помал формат за првпат ќе се одржува и кај нас наредната година) кучето Артур налетува на тимот Пик Перформанс од Шведска. Еден од натпреварувачите му подава малку храна и Артур тргнува со нив на 700 километри долгата стаза.
Повеќедневната трка која се одржувала во прашумите на Еквадор е од исклучително тежок карактер каде што се потребни добра психо-физичка спрема, издржливост знаење од повеќе области, а набргу после повторното тргнување тимот сфатил дека кучето ги следи и на крајот дури и да финишира заедно со нив.

За време на трката тимот поминувал реки со помош на кајаци, а Артур постојано ги следел, дури и во овие услови.
Петточлениот тим ја завршил трката пласирајќи се на 12 место.

