Исхрана

Веганите и вегетаријанците полесно слабеат

width=620

Шестмесечна студија направена на група испитаници покажа дека одредени типови на исхрана кои исклучуваат дел или целосно избегнуваат животински продукти имаат поголеми шанси да доведат до слабеење кај оние кои ги практикуваат.

Испитаниците беа категоризирани во пет типа на исхрана: веганска (без никакви животински производи), вегетаријанска (вклучени само млечни), пескетаријанство (плус млечни производи и риба), полу-вегетаријанци (вклучени црвено месо до еднаш неделно и пилешко до пет пати неделно) и омнивори (без никакви рестрикции од типот на храна) и во период од шест месеци им било дозволено да се хранат во границите на нивната диета но без никакви калориски граници или рестрикции т.е. дозволено било да си јадат колку им се јаде.

Исто така дозволено било и јадење на мали количини на здрави масти (јатки, семки и авокадо) но главниот акцент било да се намали внесот на масти и непотребни јагленохидрати.

По шест месеци веганската група во просек имала изгубено 3,5 кг. а и вегетаријанската била тука некаде со 2,7 килограми. Останатите групи пак, изгубиле дупло помалку, околу 1,3 килограми. Студијата нема забележано големи разлики во активноста на членовите на сите групи. 

Интересното е тоа што губењето на тежина кај овие групи се има случено сосема природно и спонтано, без никакво мониторирање и следење на калорискиот внес.

← Назад кон архивата