Соодветна вреќа за дечињата кои неуморно растат


Вреќата за спиење Big Dipper на компанијата Kelty искочи со привремено но сепак доволно добро решение за дечињата кои во растат како цвеќиња и претставуваат терор за вашиот новчаник особено кога континуирано треба да им купувате опрема за кампување.
Нивната вреќа доаѓа во стандардна должина за едно дете но разликата е тоа што со посебен патент дното на вреќата може да се издолжи за дополнителни 30 цм. што би значело некоја година плус користење пред да се даде на некое друго мало камперче.
Вреќата е соодветна за три сезонска употреба а доаѓа по слична цена како и сите останати, но со бонус додатна работа која ќе ви го поштеди новчаникот.
