Само за деца


Вежбалната за спортско качување која е во склоп на Академијата Мидвест во Минеаполис претставува огромно игралиште составено од вертикални ѕидови, болдер елементи, целосно амортизиран под и скриена болдер рута која води до кафетеријата која е во „сопственост“ на најмалите.

Возрасната граница за качување е 19 години, а повозрасните инструктори се таму единствено да ги покажат основите на спортот и да ги водат младите ѕвезди на шоуто.
Идејата за децата и младите да бидат централен елемент за време на вежбањето произлегува од потребата тие за себе да изградат еден позитивен идентитет и повисоко ниво на социјализација со своите врсници.

