Вести

Нашата БЏЏ репрезентација со 5 медали на Србија Опен 2014

width=635

На вчерашниот силен турнир во Белград “Srbija BJJ Open 2014” македонската репрезентација за бразилска џиу џица под водство на селекторот Алексовски Ивица со 4-ца представници постигнаа извонреден успех и освоија 5 медали. На турнирот учестуваа квалитетни претставници од повеќе земји од Балканот, но и од Европа.

Стефан Пецевски освои еден златен медал во категорија и еден сребрен медал во апсолутна. Во финалето во апсолутна категорија во неговата 8-ма последователна борба загуби од 20 кг. потешкиот противник.

width=635

Александар Заткоски откако победи во финалето се здоби со златен медал. Нашата млада македонска надеж Никола Костадиновски откако победи две борби и се пласира во финалето поради неговата влошена здравствена состојба не беше во состојба да се бори поради исцрпеност, па загуби во финалето и го освои сребрениот медал.

Четвртиот претставник Бојан Диков откако победи една борба со зафат и се пласира во полуфиналето, по водство од 4:0 загуби од контраверзен зафат (притисок со стопалото на душникот) каде што судијата не го казни тоа, туку досуди крај на борбата во корист на противникот.

width=635

Како што ни изјави селекторот Алексовски ова се нашите млади надежи и иднина на нашата репзентација за бразилска џиу џица.

width=635

← Назад кон архивата