Вести

Пекиншкиот маратон засенет од смог

width=635

На само еден ден откако владата објави мерки за заштита на граѓаните поради екстремните нивоа на загадувачки честички во воздухот во Пекинг се одржа 34-от интернационален маратон на кој учествуваа голем број на луѓе. 

Пекинг вчера и за негови стандарди беше премногу загаден. Според мерните единици овој викенд градот имал просек од 344 микрограми на PM скалата (според СЗО, за безбедни по здравјето на човекот се сметаат не повеќе од 25 микрограми), а центарот за мониторирање на загадувањето изнесе предупредување за сите болни и стари лица, но и за оние кои планираат било каква физичка активност на отворено.

Сепак, и покрај сознанието за екстремно лошите услови, особено за трчање на еден маратон, организаторот под изговор дека е веќе премногу доцна поместување или откажување на настанот дозволија десетици илјади луѓе да се изложат на сериозни количини на смог и загадување. 

title=Заштитна

Повеќето од учесниците нормално носеа заштитни маски, а обезбедени беа и преку 140,000 сунгери за чистење на кожата на луѓето од валканите налепи кои се собираа по целото тело. 


 Сигурно ќе Ве интересира: КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД СМОГОТ ДОДЕКА СТЕ АКТИВНИ 


Гирхај Бирхану Гебру од Етиопија победи во машка категорија (втора година по ред) со време од 2:10:42, а неговата сонародничка Фатума Садо Дерго победи од жените со 2:30:03.

Овие резултати беа засенети откако натпреварувачката Гонг Лихуа од Монголија, која заврши трета во женска конкуренција се бореше за воздух по крајот на трката.

← Назад кон архивата