Вести

Adventure week – Western Balkans (video)

За нашите гости да можат да ја доживеат нашата убава Македонија, да ја вкусат, да се нурнат во нашата богата историја и да се запознаат со потенцијалите за активен туризам, за само неколку дена, бевме изложени на одлична дружба, многу акција, адреналин, размена на искуства, патувања, супер храна, убаво вино, прекрасни места, малку спиење и многу лекции за тоа колку треба да го цениме и заштитиме она што го имаме и како да го направиме интересно за потенцијалните туристи.

Се вративме уморни, но инспирирани и со суптилна доза на гордост поради препознавањето на потенцијалите на Македонија од страна на овие високо кредибилитетни имиња од светскиот авантуристички туризам потенцирано со потребата од заедничко и стратешко работење на едукацијата и усовршувањето на локално ниво.

Имавме премногу материјал и искрено мака видовме да го средиме видеово со желба да ве иснпирираме и Вас и нормално кратко да си поуживате.

← Назад кон архивата