Нашата Тара-рафтинг авантура

На одење возевме полека, трудејќи се да ги разгледаме сите убавини што ни се нудат на патот и да се спремиме за сите возбудувања на авантуристичкиот викенд што ни претстоеше. Попатно застанавме кај манастирот Острог, место кое е неопходно да се посети. Потоа стигнавме во кампот Саставци, местото каде што се сместивме.
Тоа е локацијата каде се сретнуваат Тара и Пива и ја формираат Дрина, како и место каде што се случуваат живи свирки и се вртат ора на македонски, српски и црно-горски песни.
Бевме пречекани со домашна сливова ракија и ловечки гулаш со тазе печен леб во фурна.
Наредното утро се прават подготовките за повеќе часовниот рафтинг, проследен со забава и муабети меѓу рафтинг ентузијастите.
Рафтингот траеше околу четири часа со повеќе брзаци од различни категории. Се правеа и неколку паузи за одмор со ладно пиво. Оние похрабрите скокаа од карпи, се пуштаа низ брзаците. Температурана на водата беше околу 9 степени целзиусови, а оние што беа доволно храбри влегоа и под водопад каде температурата беше не повеќе од 5 степени.
По рафтингот следува ручек со повеќе вида на месо печени во сач преку 4 часа. Вкусен оброк за да се надоместат загубените калории после рафтингот. Дента бевме и сведоци на рекордот на пуштени чамци по Тара. Пуштени беа преку 100 чамци, односно преку 1000 луѓе.
Остатокот од викендот помина во одмор и уживање покрај Тара. Како изгледаше сето тоа ѕирнете во видеото погоре…
Се гледаме следната година со уште побројна екипа.