Вести

На средба со боговите на Олимп (текст + видео)

width=635

Викендов што измина (12-14 септември) група од 15-тина уживатели на планините се упатија во освојување на вториот највисок врв на Балканот врвот Митикас на Олимп. 

Поделени во 4 автомобили петокот на пладне се упативме кон кампот Евридики во близина на градот Литохоро, каде направивме македонско селце од шатори. Дента се опуштавме на плажа, чекајќи да се собере целата екипа, бидејќи некои тргнаа покасно од Скопје поради работни обврски.

width=635

Сабота наутро беше денот за освојување. Некаде во 5 и пол часот тргнавме кон почетната точка за искачување на 1100 мнв. Еден дел од групата тргнавме со појако темпо, а друг дел лабаво се движеа по планината. 

Како се движиш нагоре погледот е се поубав и поубав, од една страна морето, а од друга страна останати врвови од планинскиот масив.

width=635

За околу 3 часа еден дел од екипата стигнавме во домот на 2760 метри, и освежувајќи се со чајче и кратка ужинка ги чекавме останатите, за на крај да се собереме заедно да го искачиме Митикас. Поголемиот дел од групата останаа да уживаат во домот и погледите кои се нудат од таму, а само 5-6 души се упативме во искачување на Митикас.

width=635

Некои што прв пат го искачуваа Митикас движејќи се кон кулоарот беа возбудени, а некои и со неверување дека ќе успеат да се искачат, а нас што веќе сме биле, знаевме што не очекува и ги тешевме останатите дека не е кој знае колку тешко да се искачи кулоарот. За околу 40 минути откако тргнавме од домот, стапнавме на врвот на Олимп, Митикас (2917 мнв). 

width=635

Горе останавме 20-тина минути, направивме по некоја фотка, но облаците кои се насобраа не ни дозволија да уживаме во погледот кон морето, но тоа друг пат.

Веќе дојде време да се симнуваме, стигнавме повторно во домот, мала ужинка и да не губиме време се упативме кон колите оставени на 1100 метри. Како и секое симнување од планина, така и ова беше долго и досадно па со муабет и зезања стасавме до колите.

Оттаму се упативме во Литохоро на по едно заслужено гиро. Мислевме дека и втората награда ќе ја зграбиме, вечерно бањање во морето, но дождот што не зафати не ни го дозволи тоа задоволство. Но затоа следниот ден беше резервиран за таа работа, уживање на плажа и споделување импресии од претходниот ден. 

На турата и се ближеше крајот, и така во неделата попладне се упативме кон дома.

И за крај шлагот….

← Назад кон архивата